Ограбен Б.С од Богданци, му одзеле 10 илјади денари

Вчера во Скопје на ул.„Самоилова“, непознато лице извршило разбојништво над Б.С.(58) од Богданци на тој начин што додека истиот се движел низ старата скопска чаршија, забележал дека го следело лицето, кое претходно го видел во казино.

Кога пристигнал во близина на Скопското Кале, непознатото лице физички го нападнало удирајќи го со тупаници во пределот на главата, а потоа од џебот од панталоните му одзело 10.000 денари, го турнало на земја и избегало.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.