Ограбена пицерија во Куманово

пицерија

МВР соопшти дека сторителите, од кои едниот вооружен со пиштол, влегле во пицеријата и физички го нападнале вработениот, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата, при што му одзеле околу 16.000 денари. По настанот сторителите избегале.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.