Ограбена Санџак џамијата во село Батинци

Ограбена Санџак џамијата лоцирана во селото Батинци, скопско.

Сторителот влегол внатре во џамијата, ја пронашол металната кутија за доброволен прилог која се наоѓала заштрафена на sидот, насилно ја откорнал и ја одзел заедно со парите, потоа се качил на спратот од џамијата и од  друга кутија со доброволен прилог, со оштетување на бравата ја отворил и ги одзел  парите од кутијата, по што преку соседниот двор избегал во непознат правец.

Тој се здобил со противправна имотна корист од околу 2.000 денари.