понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 32

Охрид: Заштитени 14 автентични објекти со староградска архитектура

Во рамките на проектот за обнова на фасади во стари градски јадра, во Охрид заврши обновата на уште три објекти со староградска архитектура.

Kuka-na-Ajri-Doko-640x360

Поврзани вести

Во рамките на проектот за обнова на фасади во стари градски јадра, во Охрид заврши обновата на уште три објекти со староградска архитектура.

За оваа намена од буџетот на Министерството за култура беа издвоени околу 10 милиони денари. Целосно се обновени куќите на старите охридски семејства Маринови, Рауник и на Ајри Доко, кои се лоцирани во најрепрезентативната улица во старото охридско јадро.

Kuka-na-Marinovi-640x360

Со овие активности се зачувани автентични примероци на охридската староградска архитектура, објекти кои се карактеристичен пример за конструкциите и облиците на традиционалните градби и урбанистичките концепции на крајот од 19 век. Паралелно, преку надлежната установа Завод и музеј Охрид, во тек се и работите за статичко зацврстување и обнова на фасадата и на столаријата на куќата од старото охридско семејство Котушеви, како и за статичко зацврстување и конзервација на куќата на Димзови, кои треба да бидат целосно завршени до крајот на годинава.

Kuka-na-Raunik-640x360

Во рамките на проектот на Министерството за култура за реставрација и конзервација на фасади на старите градски јадра, кој е во функција на заштитата на богатото културно наследство што го поседуваме како држава, во Охрид се обновени вкупно 14 објекти кои ја отсликуваат староградската архитектура и кои комплетно сведочат за оригиналноста, препознатливоста и специфичноста на охридскиот стил на градба.

Целосно се зачувани куќите на семејствата: Патчеви, Бојаџиеви, Ѓурчинови и Робевци, Куќата на Христо Узунов, Куќата на Уранија, три објекти на ул. „7 Ноември“, a целосно се конзервирани и објектот Магаза, кој е лоциран во непосредна близина на Чинарот, и објектот лоциран на ул. „Св. Климент Охридски“ познат како Радио Охрид.

Најчитани вести