Опозицијата на чело со Шекеринска и Заев сака да директорува, а не да донесе реформи во медиумите

Опозициската СДСМ одлучи да не учествува на претстојните парламентарни избори во Македонија, закажани за 24 април. Нивни главен изговор се прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумите.

Во однос на реформите во медиумите разговаравме со Виктор Грозданов, поранешен директор на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ), во период од 2002-2008 година, и бивш генерален директор на телевизиите Канал 5 плус и Канал 5, од 2008 до 2010 година. Грозданов е советник за медиумски прашања од областа на регулативата во радиодифузија посебно во процесот на дигитализација и авторско право и е еден од авторите на сите законски решенија до 2009 година, кои ја регулираат радиодифузната медиумска сфера. Моментно, тој е член на Централниот Одбор на партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски.

Грозданов смета дека барањето на СДСМ за реформи во медиумите, всушност е само една борба на раководството на опозициската партија за директорски места во државните медиумски куќи.

* Опозицијата се заканува со напуштање на договорот од Пржино и одлучи да не учествува на изборите во април, годинава, ако не се изведат реформи во медиумите. Какво е Вашето мислење?

Замислете Радмила Шекеринска е главната виолина, која свири на ноти да не се оди на избори. Да Ве потсетам. Груевски во 2008 година повика на предвремени избори после грчкото вето за наш влез во НАТО. Тогашниот лидер на СДСМ, г-ѓа Шекеринска, ја даде изјавата која е рамна на лудост. Не смее да има предвремени избори зошто тоа е огромен трошок за државата. Кој нормален лидер на опозиција би повикал на такво нешто. Нема таков на планетава Земја, освен Шекеринска. Сега, пак, под изговор дека нема реформи во медиумите, повторно СДСМ носи одлука да не учествува на избори, кои патем веќе се потпишани во Пржино.

Во ред. За кои реформи во медиумите говори заменик претседателот на СДСМ, всушност и целото раководство на опозицијата? Нормално не знае зошто никогаш и не ја интересирале реформи. Вие да имате една група на медиумски професионалци, која апсолутно не е за потценување, посебно нивниот интелектуален капацитет, и да не ја искористите во јавноста, тоа значи само едно. Нарцисоидност на една личност. Таа нарцисоидност се потврди кога Зоран Заев беше директно навреден во една дебатна ТВ емисија од нејзина пријателка новинар со следниве зборови: „И пратив СМС порака на Шекеринска. Де мори Радо зар сељачиштево ќе биде лидер на СДСМ?“.

И вие како заменик претседател јавно да не се оградите?

Како дигресија на вашето прашање, во изборната кампања за парламентарните и претседателските избори ГРОМ ги доби истите изборни резултати, како што предвидуваа истражувачките агенции. Зборам за нормални агенции, а не оние кои лажираа истражувања и ја лажеа јавноста. Нормално не ни беше драго, ама машки ги прифативме. Истите резултати ги имаа и СДСМ, кои пак решија да ја бојкотираат државата. Сега повторно има истражувања и тоа доста сериозни. Тие го предвидуваат следново. Пораз на СДСМ! Тука барајте го одговорот за бојкот на следните избори, а не во избирачкиот список. Нема таков список, кој може да Ве порази на избори, ако Ве сака народот. Само да ги потсетам на Општина Центар.

* Доколку Вие би биле на преговарачка маса, што би сториле во однос на реформи во медиумите?

Пред очи имате криза во бизнисот на Радио станиците и печатените медиуми, кои се определени на дневно информирање. Никој не ги споменува. Како да не постојат во агендите.

Второ се наметнува демократија во врска со интернет медиумите што е рамна на анархија. Дали некој чита каков мизерен вокабулар се користи. Еве ќе Ви дадам примери, кои се однесуваат на јавни личности.

Наслов 1: „Миле Паника со емотивна порака се раздели од Тошо Малерот“.

Прво што ќе помислите е смртен случај, а всушност Тошо заминал за Австралија.

Наслов 3: „Стевче Јакимовски доживеа срцев удар“.

Вистината е дека човекот имаше помал ортопедски проблем.

Затоа мора овој тип на медиуми да влезат под контрола на регулаторно тело. Друг голем проблем е што кај ТВ станиците имате наплив на рекламирање од домашни фирми во странски канали. Сите молчат за тој проблем.

Да се прекинат владините реклами, ама општините кои ги раководи СДСМ слободно да се рекламираат.

Ако прашате професионалци ќе Ви одговорат: Владините реклами…