Осомничениот испукал 14 куршуми во заменик директорот на УЈП

Осомничениот А. К. Од Велешта испукал 14 куршуми во заменик директорот на УЈП Аргетим Асани.

Против А.К.(23) од струшкото село Велешта е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Напаѓачот испукал 14 куршуми

Осомничениот А. К. Од Велешта испукал 14 куршуми во заменик директорот на УЈП
Осомничениот испукал 14 куршуми во заменик директорот на УЈП

Вчера околу 13,15 часот, пријавениот на ул.„Маркс Енгелсова“ од огнено оружје пиштол испукал 14 куршуми во заменик директорот на УЈП и го лишил од живот.

Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал  од деловен објект лоциран на истата улица во Струга. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Голф“ сребрена боја излегол сега пријавениот и од огнено оружје пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А. кој на пат кон општата болница во Струга подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од лекар во хируршкото оделение при општата болница во Струга, информираат од полицијата.

Пронајден пиштолот со кој е извршено убиството

Како што информираат од МВР, по извршениот криминалистичко технички увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и по други преземени мерки, полициските службеници извршиле претрес во домот на сега пријавениот при што во дворот забележано е патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки.

Во  багажникот од возилото  пронајден е пиштол со кое е извршено делото, марка „ХС“  со рамка без муниција. Истите со потврда за привремено одземени предмети се одземени, а пиштолот е предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.