понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 62

Отворен македонскиот павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај

Отворањето на македонскиот павилјон претставува уште една шанса за подобрување на трговската размена со Кина и повеќемилионскиот Шангај, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

sangaj

Последни вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска свечено го отвори македонскиот национален павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај. Павилјонот е постојан изложбен простор за македонските земјоделско прехранбени производи во Шангај.

 

За време на свеченоста беше промовирано и македонското вино и беа претставени потенцијалите на овој сектор.

Во разговорите со високите претставници на бесцаринската зона за следниот период беа договорени интензивни промотивни активности на повеќе македонски прехранбени производи на кинескиот пазар.

 

Отворањето на македонскиот павилјон претставува уште една шанса за подобрување на трговската размена со Кина и повеќемилионскиот Шангај, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Најчитани вести