ВИДЕО: Овации и скандирања за Подолски во Истанбул

ВИДЕО: Овации и скандирања за Подолски во Истанбул

Германскиот интернационалец Лукас Подолски од следната сезона ќе го носи дресот на Галатасарај.

Тој утрово пристигна на медицински прегледи во Истанбул, а во текот на денешниот ден треба да го официјализира договорот со Галатасарај.

Подолски од фановите на турскиот тим беше пречекан како мега ѕвезда со овации, кои воедно му подарија шал со боите на клубот.

Фудбалерот не даваше изјави за медиумите, а се очекува по медицинските прегледи да биде промовиран во нов играч на Галатасарај.

Извор: Курир.мк