Пике го брани Фабрегас од фановите на Барселона

Централниот дефанзивец на каталонскиот гигант Барселона, Жерард Пике застана во одбрана на тимскиот колега, Сеск Фабрегас и испрати јасна порака до најверните фанови дека вината за лошите резултати мора да се побара кај сите фудбалери, а не кај еден поединец.

“Не е убаво кога ти свиркаат најверните фанови, особено кога играш на домашен терен. Мислам дека истите првата една голема грешка. Не знам зошто се фокусираат на еден фудбалер. Сите фудбалери се виновни за лошите резултати и нормално е да бидат обвинети сите фудбалери, а не само еден, во овој случај Сеск Фабрегас. Немаме добра сезона, забележавме неколку очајни резултати во изминатиот период, но ние сме една група и таа група не ги исполни големите очекувања”, изјави репрезентативецот на Шпанија.