По 300.000 евра за победа на светското во Бразил

По 50.000 евра за секој германски репрезентативец доколку остварат победа над Алжир во осминафиналето од СП во Бразил.

Во спротивно, победа за африканската репрезентација ќе ги остави „панцирите“ без премии.

За евентуален пласман во полуфиналето германските фудбалери ќе добијат по 100 илјади евра, додека пласман во финалето им гарантира добивка од по 150 илјада евра.

Доколку го освојат трофејот на шампионатот Фудбалскиот сојуз на Германија вети премија од по 300 илјади евра за секој репрезентативец.

Германија утре во Порто Алегре ќе го игра 1/8финалето против Алжир.