Поддршка за „Заедничка Македонија“ пристигна и од Чикаго

Македонците од Чикаго и од Краун Поинт, САД, излегоа на улица во овој американски град за да искажат поддршка за иницијативата „Заедничка Македонија“.

Тие велат дека изразуваат протест против секој вид на платформи без разлика дали тие се зготвени во Тирана, Скопје, Брисел или било каде на светов и дека такви чекори само се понижува македонското достоинство, македонската нација, македонскиот јазик и се што е македонско.

„Иако сме далеку од нашата татковина, нашите срца чукаат исто како и срцата на нашиот народ во Македонија, а нашата загриженост е иста како грижата на секој МАКЕДОНЕЦ без разлика каде се наоѓа на оваа земјина топка затоа што го имаме само тоа мало парче земја, кое сакаат и тоа да го поделат и да го распарчат бидејки не им беше доволна поделбата во 1913 година кога го разделија МАКЕДОНСКИОТ народ и ни ја растргнаа нашата МАКЕДОНИЈА“, порачаа Македонците на протестот во американскиот град Чикаго.

Cikago3

Cikago2

Cikago3

Cikago4

На протестот тие прочитаа проглас, кој го пренесуваме интергално:

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ

Ние МАКЕДОНЦИТЕ од Чикаго и Краун Поинт – Америка во овие тешки времиња за нашата МАКЕДОНИЈА, излеговме во центарот на Чикаго да го изразиме нашиот протест против секој вид на платформи без разлика дали се зготвени во Тирана, Скопје, Брисел или било каде на светов со кој се понижува нашето достоинство, нашата нација нашиот јазик и се што е МАКЕДОНСКО, платформи со кој сакаат да ја разнебитат МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ народ. Иако сме далеку од нашата татковина, нашите срца чукаат исто како и срцата на нашиот народ во Македонија, а нашата загриженост е иста како грижата на секој МАКЕДОНЕЦ без разлика каде се наоѓа на оваа земјина топка затоа што го имаме само тоа мало парче земја кое сакаат и тоа да го поделат и да го распарчат бидејки не им беше доволна поделбата во 1913 година кога го разедлија МАКЕДОНСКИОТ народ и ни ја растргнаа нашата МАКЕДОНИЈА. Браќа МАКЕДОНЦИ кои во овие тешки времиња ја браниме нашате татковина само со чекори, кренати глави и црвено жолти симболи по улиците на сите метрополи во светот сакаме да ви ја пренесеме оваа порака дека ние иселениците од Америка сме биле и секогаш ке бидеме со нашиот народ во нашата татковина и во секое време сме подготвени да ја браниме нашата мајка МАКЕДОНИЈА без разлика каде судбината не одвела.
Исто така сакаме да им пренесеме на наште сограѓани Албанци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати малцинстава во Република Македонија да размислуваат трезвено и со ладни глави бидејки сме живееле и ќе живееме на ова парче земја со респект и почит кон секое малцинство и да не паѓаат на провакции на некој лидери на политички партии кој обеќаваат се и сешто што не е остварливо само да ја превземат власта и да си ги остварат својте болноумни цели по цена и на крвав расплет на оваа ситуација, зар некој кој не си го почитува своето потекло и народ може да сака и да респектира друг народ, зар треба да се верува на лидери кој си го газат својот идентитет својата историја, иднина и нациолналност за да се прикажат како космополитени само со една цел да го осетат вкусот на власта, финансирени од утопистички соросоидни организации кој си ја есапат само заработката која треба да ја исплати народот кој живее на ова парче земја со име МАКЕДОНИЈА. Затоа браќа Алабанци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати малцинства кој ја сакаат оваа држава излезете со нас МАКЕДОНЦИТЕ да ја зачуваме унитарноста на МАКЕДОНИЈА, фрлете ги партиските знамиња, заборавете барем еднаш на вашите партии бидејки на сите нив најслтака име е власта со која си ги задоволуваат својте болни амбиции а народот е тој што им ги остварува нивните магаломански сонови, затао само народот, сите ние заеднички можеме да ја зачуваме оваа наша МАКЕДОНИЈА.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ОД ЧИКАГО И КРАУН ПОИНТ
СОЕДИНЕТИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ