Македонија,Крими хроника

Полицаец го прикрил, тој се „издал“ со тешка кражба

Полицаец го прикрил, тој се „издал“ со тешка кражба

Полицаец прикрил криминалец, кој требало да биде во домашен притвор, но самиот се издал бидејќи направил тешка кражба.

Според информациите на полицијата, 32-годишниот Љ.Љ. полицаец од Куманово, на 23-ти февруари годинава, имал задача да го исконтролира лицето З.С. кој имал мерка куќен притвор. Полицаецот во службената забелешка пишал дека лицето е во неговиот дом, но подоцна било утврдено дека истиот тој направил кривично дело „тешка кражба“.

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Љ.Љ. за сторено  кривично дело „фалсификувана исправа“.