Полицијата ги заплашуваше граѓаните и се купуваа гласови (ВИДЕО)

1894

Зијадин Села, претседателот на Алијансата на албанците во изјава за медиумите во неделата вечерта од Струга порача дека за него и за неговата партија е неприфатлив избоирниот резултат. Села тврди дека на овие избори припадници на власта во придружба на полицијата им се заканувале на граѓаните, ги заплашувале и купувале гласови под притисок на полицијата.

„Овој резултат е неприфатлив за нас, имајќи во предвид дека одеа со полицајци и им се закануваа на граѓаните, ги заплашуваа и под притисок на полицијата купуваа гласови, рече Зијадин Села.

Имено Села како дел од владејачката гарнитура, кој учествува со еден министер во владата на Заев уште пред вториот круг од изборите во емисијата „Топ Тема“ обвини дека и во првиот круг имало купување на гласови и уцени.

„Се купуваат гласови. Има луѓе кои кружат без таблички на колите како да нема правна држава и да нема полиција и на тој начин купуваат гласови. Полиција треба да биде на терен и таквите луѓе треба да бидат неутрализирани, треба да ги контролира и ако има такви што одат и уценуваат и носат големи суми на пари со себе и да го спречи тоа. Добиваме информации дека продолжуваат заканите“. рече Села во „Топ Тема“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во неделата вечерта излезе со став дека ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборите и дека тие не биле фер и демократски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.