Повторно прекин на сообраќајот на „Меџитлија“

Повторно прекин на сообраќајот на „Меџитлија“. АМСМ информира дека во времето од 13:00 до 23:00 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Република Грција на граничниот премин ,,Ники”,  поради штрајк на грчките земјоделци (фармери).

Инаку грчките земјоделци веќе деветти ден по ред ги блокираат граничните премини кон Македонија и Бугарија како знак на револт од најавените реформи на пензискиот систем.

Покрај граничните премини, грчките земјоделци блокираат и дел од националните автопатишта во Грција. Повеќе за тоа на следниот линк.