Познат идентитетот на повредениот „комита“

Триесет и седум годишниот Г.Н. од Скопје е навивачот кој вчера се здоби со тешки повреди на раката на натпреварот одигран меѓу Вардар и Пелистер во Битола, информираат од МВР.

Неофицијално станува збор за Горан Николоски, меѓу навивачите уште познат како Турчин. Според се уште непотврдени информации, Комитата ја загуби дланката од шок бомба.

Како истата се нашла кај него не е познато. Официјално се очекува полицијата во текот на денот да соопшти повеќе детали околу трагичниот настан.

По повредата на навивачот, со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болница, каде му е укажана лекарска помош.

Полесно повредените Комити, како што пишуваат дел од медиумите, биле пренесени во болница од страна на лутите ривали, но не и душмани, навивачите на Пелистер-Чкембарите.