Премиерот Груевски во посета на преспанско-демирхисарскиот регион

Премиерот Груевски во посета на преспанско-демирхисарскиот регион
Премиерот Груевски во посета на преспанско-демирхисарскиот регион

Претседателот на Владата Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на преспанско-демирхисарскиот регион.

Како што соопшти Владината прес-служба, премиерот Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Демир Хисар и на пуштањето во употреба на новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Ресен.

Предвидено е шефот на Владата во Ресен да присуствува и на пуштањето во употреба на тениско игралиште, а ќе ја посети и новоизградената плажа во Стење