
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски закажа прес конференција за во 13:30 минути. Информацијата ја сподели партискиот центар за комуникации.
Прес конференцијата е закажана во ист термин со протестот кој партијата го најави утрово. Според информации од партијата, се очекува лидерот заедно со партиското раководство и дел од членството да се упати на протестот пред Судот во Скопје.