Професионалното искуство пресудно за изборот на сестрата на Јанева

Лиле Делиџакова, сестра на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е предложена за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност, поради нејзиното професионално искуство, велат од Владата.

Владата на РМ во изборот на предлог за имиња на членови на Комисијата за хартии од вредност, се водеше по принципот кој од кандидатите има соодветно професинално искуство – изјавија накусо од таму за „Фокус“.

Според документот објавен на медиумите Владата на седница одржана 17-ти минатиот месец предлага нови членови на Комисијата, меѓу кои е и Делиџакова. Предлогот за претседател на Комисијата, поранешната пратеничка на ДУИ, Нора Алити и Делиџакова, ќе биде професионално ангажирани.

Документот е потпишан од премиерот Зоран Заев и е предложен до Собранието.