Протести во Крушевац – работниците од „14 окотмври“ си ги бараат правата

Неколку стотици работници од фабриката „14 октомври“, шести ден последователно протестираат пред зградата на Градската управа, барајќи од надлежните да ги исполнат ветувањата кои им ги дале пред шест месеци, пишуваат српските медиуми.

Генералниот директор Милош Исаиловиќ и тројца извршни директори поднеле оставки, н оставките сеуште не се прифатени бидејќи Надзорниот одбор на претпријатието не се состанал сеуште.

Државата нас ќе не затвори доколку раководството не обезбеди работа. Работниците од „14 октомври“ не се неработници. Такви ги прават директорите кои не се во состојба да договорат работа, вели Дејан Мутавчевиќ од синдикатот.

“Овде сме да укажеме на тешката ситуација во која се наоѓаме. Многу од колегите мораат да берат малини и вишни за да заработат некој динар.“, раскажува аналитичарот Драган Николиќ, повеќекратен првак на Србија во металски дисциплини.

Од вторникот 1550 вработени во „14 октомври“ немаат заверени здравствени книшки. Најавени е протест и пред Фондот за здравствено осигурување.