Путин: Америка ги иницираше случувањата во Украина

Америка ги иницираше случувањата во Украина, изјави рускиот претседател, Владимир Путин во Минск каде што учевствува на заседанието на најголемиот Евроазиски економски совет на ниво на шефови на држави.

„Она што сега се случува во Украина ни покажува кој од почеток е вмешан, но Америка од почетокот избра да се држи на страна. Фактот дека сега Америка е во прв план во решавањето на украинската криза зборува за тоа дека „овој процес го водеа од почеток“ но дури сега се покажуваат како лидери,“ одговори Путин на прашањето за тоа што мисли каква е улогата на САД во случувањата со Украина.

Рускиот претседател оцени дека интересите на Америка и нивните европски партнери се поклопуваат, бидејќи ЕУ сака договор за придружување кон Украина „и тоа под услови за кои смета дека за Украина се непрофитабилни“.

Путин исто така изјави дека претходната власт во Киев се обидела на тоа да се спротивстави, но Западот имал различен план кој вклучува воено сценарио, неуставно вооружено преземање на власта.Но, иницијаторите на случувањата во Украина не можеле да предвидат каде ќе оди сето ова.

Иако многу во Украина, додава тој, ја поддржуваат смената на власта, сепак има многу луѓе на кои тоа не им се допаѓа и не се согласни со начинот на кој дошле промените.