Путин со новогодишна честитка до Обама

Русија е настроена за конструктивен дијалог со САД, а вкупните напори на двете земји можат да дадат значаен придонес за светската стабилност, вели рускиот претседател Владимир Путин во новогодишната честитка до својот американски колега Барак Обама, пренесе ИТАР-ТАСС.

Путин испрати честитки за празниците и на британскиот премиер Дејвид Камерон, венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот колега од Белорусија, Александар Лукашенко.