
Вкупно 134 лица ранети во судирите во сирискиот курдски град Кобане, се пренесени денеска во Турција, соопшти турскиот вицепремиер Хуман Куртулмуш, објави МИА.
– Четворица од ранетите починале – посочи вицепремиерот и додаде дека состојбата на повеќето од ранетите е тешка.
Групацијата Исламска држава денеска повторно успеа да влезе во Кобане, кој се наоѓа во близина на границата со Турција и води борби со курдските борци во центарот на сирискиот град.
Групацијата изврши три самоубиствени напади во период од неколку часа.
Според информациите на весникот „Милиет“ бројот на загинатите во Кобане е околу 40 лица.