петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 14

Резил пред камери: Јанева не знаела за кои кривични дела е обвинението за „Пуч“

Според информации на „Прес 24“, главниот уредник Аргирова и Јанева неколку дена претходно ги договарале прашањата.

janeva6-mrt

Последни вести

Катица Јанева воопшто не знаела за кои кривични дела било обвинението во предметот „Пуч“, кое завчера требаше да го застапува пред Судот, објави порталот „Прес 24“.

Откако пукнал резилот пред камерите, партискиот главен и одговорен уредник на Македонската Радио Телевизија, Санта Аргирова се впуштила во акција на сечење лепење и монтирање, дознава „Прес 24“ од свои добро упатени извори.

Аргирова наредила овој дел од интервјуто да биде тргнат.

Според информациите до кои дојде порталот, Аргирова и Јанева неколку дена претходно ги договарале прашањата.

-Според нашите информации, целото интервју траело 40-тина минути, но Аргирова одлучила да пушти помалку од 10 минути бидејќи и станало јасно дека Катица Јанева е катастрофа. Специјалната обвинителка Јанева вчера имаше класично посрамотување пред камерите на МТВ, а одговорната уредничка Санта Аргирова го избламира јавниот сервис, дозволувајќи неспособноста на првиот човек во СЈО да се покрива со телевизиска монтажа. Катастрофата на Катица Јанева е топ тема во медиумските кругови, пишува „Прес 24“.

Најчитани вести