САД со 589 милиони долари за борба против Зика

Поголемиот дел од тие 589 милиони долари ќе бидат доставени до Центарот за превенција и контрола на болести, за истражување на вирусот и на аномалиите кај бебињата поврзани со него. Дел од нив ќе бидат искористени за формирање тимови за реагирање, кои ќе имаат задача да го ограничат ширењето на зика.

Националниот здравствен институт ќе продолжи да работи на производство на вакцина, а американската Агенција за меѓународен развој ќе ги концентрира напорите во борбата против вирусот надвор од САД.

Претседателот Барак Обама побара 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика, но Конгресот, во кој мнозинство имаат републиканците, се уште не го одобри неговото барање.

Министерката за здравство и хуманитарни прашања Силвија Метјус Бруел изјави дека има 672 потврдени случаи на заразени со вирусот на американска територија во Пуерто Рико и во САД.