САД ќе изгубат поради излегувањето од нуклеарниот договор, смета Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги критикуваше во средата САД поради нивното повлекување од нуклеарниот договор со Иран, ден откако американскиот челник Доналд Трамп најави и повторно враќање на економските санкции против Техеран.

„Страната којашто ќе изгуби ќе биде САД, откажувајќи се од почитувањето на договорите“, го цитира турскиот претседател агенцијата Anadolu.

Ердоган ја истакна недозволивоста на несеризниот однос на Вашингтон кон меѓународните договори. „Не можете да се повлечете од договорите или да ги менуват условите во нив“, додал.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот вечерта објави дека САД се повлекуваат од договорот на шесте светски сили, од кои петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН, од меѓународниот договор со Иран за ограничувањето на неговата нуклеарна програма за да не дојде до нуклеарно оружје.