Сараќини на средба со претставниците на Македонската асоцијација за рударство

Mинистерот за економија , Ваљон Сараќини, во рамките на проектот „Отворено со бизнисот“ ќе оствари работна средба со претставниците на Македонската асоцијација за рударство на  Македонија.

На средбата субјектите ќе дискутираат за реформите во рударството, електронско пријавување на товарените минерални суровини и тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражување и концесии за експлоатација на минерални суровини.

Настанот ќе се одржи во просториите на Стопанска комора на Македонија.