Се одржа велосипедската трка на трим патека во Газа Баба

Во оргнизација на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, Македонската велосипедска федерација и Градот Скопје, вчера на трим патеката во Рекреативниот центар „Гази Баба“ се одржа последната велосипедска трка (крос-кантри) за ранг листата во планински велосипедизам „Гази Баба 2014”. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на трката и на најдобрите им ги додели наградите.

Во трката се натпреваруваа велосипедисти во 6 категории и тоа: Хоби, Кадети, Мастерс, Елите, Жени и Јуниори. Должината на кругот изнесуваше 4,5 км, а учесниците во секоја од категориите имаа различни задачи. Учесниците од мастерс и јуниор категоријата возеа 5 круга, жените велосипедист, како и оние што возат велосипед од хоби возеа по 3 круга, кадетите 4 круга, а оние од категоријата Елите возеа 6 круга.

Победници по категории:

Хоби
1. Михаил Тасевски
2. Димитар Златков
3. Андреј Хаџивасилев

Жени
1. Анета Антовска Енерџи Скопје
2. Катерина Николовска Енерџи Скопје
3. Андреа Будимовска Енерџи Скопје

Мастерс
1. Владимир Микиќ Енерџи Скопје
2. Мартин Анастасовски Енерџи Скопје
3. Љубиша Кондев Енерџи Скопје

Кадети
1. Новица Вељановски Екодром Охрид
2. Драган Јованов Свиок Радовиш
3. Јаков Јованоски Екодром Охрид

Јуниори
1. Петар Упевчески Екодром Охрид
2. Јован Јованоски Екодром Охрид
3. Влатко Рабаџиски Свиок Радовиш

Елит
1. Левент Рифат Мадал Бал Скопје
2. Горан Кузмановски Е.Б.Т.С Скопје
3. Александар Ѓуровиќ Енерџи Скопје

Трката се возеше по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија, а Градот Скопје, преку програмата за спорт за 2014 година, финансиски ја поддржа реализацијата на настанот.