Се зголемува дигнитетот на професијата наставник

дигнитетот

Имено од 2006 година до сега, најниската плата во образованието е зголемена за 119% (од 5060 денари на 11.081 денари), додека највисоката за 67% (од 12.917 денари на 21.521 денари), што придонесува за значително подобрување на личната и семејна финансиска состојба на просветните работници.

Исто така во изминатите неколку годни извршени се и повеќе од 9000 трансформации на работен однос од определено на неопределено време по изминати две години на работното место. На тој начин дополнително е отстранета несигурноста и неизвесноста која беше присутна кај голем број на вработени во основните и средните училишта до 2006 година и неретко претставуваше состојба на уцена, недозволива за ниту еден просветен работник.

Грижата за наставниците се огледува и преку континуираните можности за професионално надградување преку обуките за примена на интерактивни методи во наставата, за примена на дидактички средства и информатичка технологија, а меѓу понудените мерки во интерес на нивниот професионален и кариерен напредок е и можноста да добијат целосна стипендија доколку се запишат на постдипломски студии на некој од најдобрите 200 светски универзитети од областа на образованието кои се наоѓаат на шангајската листа и притоа, нивното работно место за време на студиите им останува загарантирано.