„Селфи“ е ментално пореметување

„Селфи“, односно фотографирањето на самиот себе е ментално пореметување, велат од американската психијатриска асоцијација.

Ова  ментално пореметување се дефинира како опсесивна желба за фотографирање на себеси и поставување на фотографијата на  друштвените мрежи поради недостаток на самодоверба и поради пополнување на празнината во својот интимен живот’’,додаваат од агенцијата.

Научниците тврдат дека најдобар лек за ова пореметување е терапија за лекување на пореметувања во однесување.