Шакири и фрли ракавица на Аргентина

Најзаслужниот за пласманот на Швајцарија во 1/8 финалната рунда, стрелецот на трите погодоци на натпреварот против репрезентацијата на Хондурас, Џердан Шакири е убеден дека неговата репрезентација може да приреди големо изненадување во првата елиминациска рунда, каде за противник го има големиот фаворит за светската титула, селекцијата на Аргентина.

“Очекувам прекрасен натпревар, неизвесен до последниот судиски свиреж. Свесни сме дека Аргентина ја има фаворитската улога, но ние ќе дадеме се од себе. Се е можно во фудбалската игра, никогаш не се знае. Ова е како на сон, малечката Швајцарија е дел од Мундијалот во Бразил и обезбеди пласман во следната рунда. Мора да бидеме горди на овој голем резултат”, изјави крилниот напаѓач на Баерн (М).