Шокантна видео снимка од Македонија ги згрози Британците

Оваа видео снимка објавена од македонски корисник на која се гледа како двегодишнодете охрабрено од возрасни пуши цигара, предизвика бурни реакции од страна на интернет корисниците.

Шокантната снимка од невиното дете кое е охрабено да повлече дим од цигарата од дефинитивно луѓе без ум кои се смеат во позадина предизвика бес кај јавноста.

Видеото од кое „ви се превртува желудникот“ е објавено од страна на корисник во Македонија.

Неколку пати збунетото дете се обидува да ја врати цигарата, но возрасните кои се во негова близина го поттикнуваат да вовлече дим додека цигарата гори меѓу неговите мали прстиња.

Момченцето дури во еден момент ја доближува цигарата до неговиот нос во што неговите крајно неодговорни старатели очигледно гледаат забава.

Се тврди дека видеото е од Русија, за каде се смета дека пушењето цигари меѓу децата е распространето.

Неодамнешните истражувања во земјата покажале дека 40 отсто од популацијата во Русија се редовни пушачи.

Во Велика Британија 100.000 луѓе годишно умираат како последица од пушењето.