Што се случува кога ќе престанете да пиете газирани пијалаци

Доколку сте одлучиле да престанете да пиете газирани пијалаци, браво за вас! Без разлика на вашата одлука, кога ќе престанете да ги пиете, ќе почнете да чувствувате некои промени во вашето тело, пишува Јаху.

  1. Подобро ги чувствувате вкусовите

Не, сигурно не си замислувате, подобро ги чувствувате вкусовите откако престанавте да пиете газираните пијалаци. Скенирањето на мозокот покажа дека вештачките засладувачи во газираните пијалаци можат да ги променат слатките рецептори во мозокот, а се покажало и дека оние што често пијат вакви пијалаци исто така почесто бираат и нездрава храна.

Оние што престанале да пијат газирани пијалаци, наместо чипс или чоколада, преферираат јаболко или сирење за грицкање, тврди Хедер Бејнбриџ од Универзитетот Колумбија.

  1. Губите килограми

Деветгодишното истражување покажало дека кај оние што почесто консумираат газирани пијалаци полесно се собираат масни наслаги на стомакот. Пиењето газирани пијалаци е поврзано со растот на метаболичкиот синдром, високиот крвен притисок и високото ниво триглицериди што води до срцеви заболувања и дијабетес.

  1. Поздрави коски

Секој нов газиран пијалак што ќе го испиете го зголемува ризикот од кршење на колковите кај жените во поодминати години. Иако сеуште се испитуваат причините, познато е дека газираните пијалаци ги оштетуваат коските и ги прават покршливи.

  1. Избор на храна

Газираните пијалаци што „немаат калории“ често се мамка луѓето да пијат поголеми количини од истите. Сепак, оние што често бираат газирани пијалаци, почесто консумираат нездрава храна.

  1. Подобро го поднесувате алкохолот

Факт е дека газираните пијалаци го засилуваат алкохолот па побрзо се опивате. Кога мешате газирано со алкохол, вашиот желудник побрзо се празни и драстично се крева нивото на алкохол во крвта, покажува истражувањето спроведено во Австралија, чиишто резултати се објавени во списанието Американ журнал од медисин.