Силен земјотрес регистриран во Каспиското Море

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала е регистриран во Каспиското Море, на 83 километри североисточно од азербејџанскиот град Губа, соопшти Сеизмолошката служба на Националната академија на науките на Азербејџан, пренесува „ИТАР-ТАСС“.

Според податоците на службата, епицентарот на потресот бил на длабочина 61 километар. Се’ уште нема информации за жртви и разурнувања.