Што снимил американскиот сателит при падот на рускиот авион?

Што снимил американскиот сателит при падот на русиот авион?
Што снимил американскиот сателит при падот на русиот авион?

Неколку моменти пред падот на рускиот авион во Египет, американски сателит со инфрацрвени сензори детектирал бран над Синај.

Тоа би можело да значи дека рускиот авион со 224 патници и членови на екипажот се урнал бидејќи се случила експлозија внатре.

Американските известувачки служби веруваат дека изворот на топлотниот бран е експлозија на бомба или на резервоарот за гориво, пренесува „NBC news“.

Податоците од истиот сателит ги дематираат шпекулациите дека пред падот на рускиот авион е погоден од ракета, бидејќи не е детектиран топлотен бран кој би требало да биде создаден од проектил при испалување, било од земја или од воздух.

Сепак, челниците на Пентагон наведуваат дека топлотниот бран кој е забележан од сателитот не мора да биде во врска со несреќата на рускиот авион, туку, можно е да е детектиран импулс на регуларни воени активности, кои се многу силни во тој дел од Египет, со оглед на тоа дека на Синајскиот полуостров се наоѓаат бројни терористички групи.

Истрагата за најголемата авионска несреќа во историјата на Русија е во тек, но официјалните лица истакнуваат дека е сеуште рано да се донесуваат какви било заклучоци и поради тоа не отфрлаат ниту една теорија, а ги има доста, од тоа дека се случил техничи дефект, преку бомба во авионот, до тоа дека за уривањето на авионот се одговорни џихадистите.