Со енергетска ефикасност до 40 отсто намалување на потрошувачка на енергија

Со енергетскаа ефикасност до 40 отсто намалување на потрошувачка на енергија
Со енергетскаа ефикасност до 40 отсто намалување на потрошувачка на енергија

Примената на принципите на енергетската ефикасност  е значајна во сите стопански сегменти, но и во домааќинствата. Тоа не е помодарство, туку потребa. Енергетската ефиксност во светот веќе се препознава како најсилен и најделотворен начин за  одпжлив развој.

Научното здружение, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), во петокот во Охрид ги презентираше новите трендови во енергетската ефикасност, која пред се’, директно зависи од годината на изградба на објектите и начинот на користење.

Според енергетските насоки во ЕУ од 2000 до 2012 годин, енергетската ефикасност во објектите е подобрена за 1,8 отсто. Потрошувачката на енергија годишно се намалува за 1 ,5 отсто на ниво на ЕУ. Потрошувачката на енергија за греење се намалува за 2,3 отсто годишно на ниво на ЕУ. Се намалува потрошувачката на електричната енергија кај електрични уреди кои се поголеми потрошувачи на енергија. Истто така, се забележува намалување на потрошувачка на осветлувањето по живеалиште во однос на 2000 година . Без мерки за енергетска ефикасност потрошувачката на енергија во 2012 година ќе била поголема за 60М на ниво на ЕУ.

Енергетски насоки во Македонија

Според истражувањата на МАЦЕФ, Во 2012 година домаќинствата имаат удел од 25 отсто во вкупната потрошувачката на финална енергија. За подобрување на енергетската ефиксност, се препорачува користење на поефикасни системи за греење и ладење, зголемено искористење на расположливите обновливи извори на енергија, користење на електрични уреди кои се со повисока енергетска класа (или помала потрошувачка на енергија), користење на енергетски ефикасни светилки o Менување на навиките

Со примена на мерките за енергетска ефикасност во еден објект можно е да се постигне 15 до 40 отсто намалување на вкупната потрошувачка на енергија.

222

3333

4444

5555

666

 

Енергетска ефикасност во Осветлувањето

1. Замена на светилките со вжарено влакно со: Компактно флуоресцентните светилки,ЛЕД – светлоемитирачки диоди
2. Системи за контролирање на енергетски ефикасно осветлување со помош на уреди кој овозможува далечинско управување

Користење на сончевата енергија

Зголемен е трендот на користење на сончевата енергија за добивање на санитарна топла вода, а најчесто се користат колектор соцевки-вакуумски и рамен колектор.

покрив