ФОТО: Наместо на сопирачките, притиснала на педалата за гас

Оваа неименувана жена наместо на сопирачките, притиснала на педалата за гас, па успеала нејзиниот автомобил да го однесе на едно мошне невообичаено место.

gas-namesto-kocnica-2

Во несреќата што се случила на 9-ти декември во Фуџо во кинеската провинција Фуџијан, една жена успеала буквално да го „закачи“ нејзиниот автомобил над скалите во подземен премин.

gas-namesto-kocnica-1

Според полицискиот извештај до несреќата дошло откако жената по грешка притиснала на педалата за гас наместо на сопирачките поради што автомобилот почнал да забрзува, а жената во паника се препуштила на случајот.

gas-namesto-kocnica-3

Автомобилот ја пробил заштитната ограда на подземниот пролаз и застанал на скалите. За среќа никој не е повреден.