Стаменковска: Министерството за правда итно и неодложно да го донесе правилникот за хемиска кастрација на педофилите

СДСМ и институциите молчат после скандалозната колумна на учесникот во шарената Револуција Никола Шиндре со која се релативизира и оправдува педофилијата, што е симптоматично бидејќи во исто време квазиекспертите на власта почнаа да ги оправдуваат ставовите на Шиндре за педофилијата, а од друга страна беше избришан јавно достапниот регитар на педофили, изјави денес Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Стаменковска изјави дека поради тоа, нејзината партија и приврзаниците изразуваат голема загриженоста и повикуваат да се стави крај на индолентниот однос на институциите по ова сериозно прашање.

„Затоа од министерството за правда бараме итно и неодложно носење на правилникот за хемиска кастрација на педофили. Ова е неопходно да се случи што поскоро, бидејќи гледаме дека преку скандалозни написи во јавноста почнува да се турка релативизирање оправдување на овој гнасен и подол чин“, рече претставичката на ВМРО-ДПМНЕ.

Стаменковска посочи дека во овој период кога се прават обид да се релативизира педофилијата како кривично дело, е вистинскиот момент Министерството за правда да донесе Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденција за осудено лице на кое му е изречена мерка медицинско фармаколошко лекување.

„Впрочем, овој правилник во јавноста познат како правилник за хемиска кастрација која ќе се применува за лицата кои по вторпат го сториле делото треба да се донесе што поскоро, бидејќи е резултат на општествен консензус на сите експерти и лица кои ја следат оваа проблематика“, рече Стаменковска.

Информираше дека ВМРО-ДПМНЕ бара институциите да ги заштитат децата од монструмите кои сексуално напаѓаат деца, што е впрочем нивната обврска.

„Во спротивно, секој ваков чин ќе оди на душа на надлежните институции. Затоа бараме итно и неодложно да се донесе ваков правилник кој од една страна ќе ги одрврати сторителите на вакви дела, но од друга страна ќе покаже дека институциите на системот ги штитат нашите деца и ќе стојат рамо до рамо со нас во борбата против ова зло за кое веќе е изграден еден општествен консензус“, заклучи Стаменковска.