Што ни носи ретроградниот Марс во Скорпија: Страст, посесивност и расправии

Додека водените и земјените знаци ќе бидат постраствени и пољубоморни од вообичаено, огнените и воздушните знаци може да се најдат во искушение да обноват врски со некои стари партнери, во што најверојатно ќе успеат ако наталниот Марс им е во Овен, Скорпија или Јарец. Но, ако Марс е во Бик, Вага или Рак може да дојде до проблеми поради недостиг на самодоверба и неодлучност.

Марс, планетата на акцијата, сексуалноста и машкоста, по неколку месеци престој во Стрелец, се врати во ретроградно движење во знакот Скорпија каде неговото влијание е најнагласено.

Затоа мажите, особено Овните, Скорпиите и Јарците ќе бидат поенергични и подинамични, попривлечни и пополурани во друштвото, особено за спротивниот пол, а уште повеќе по 29-ти јуни, кога Марс ќе тргне со директно движење преку последните степени на харизматичната Скорпија.

Ако наталниот Марс, Уран или Сатурн ви е на последните степени на Бик или Близнаци, наредните два месеци избегнувајте носење радикални одлуки, непотребни трошоци и ризични финансиски трансакции.

Бегајте од ситуациите во кои што вашата притаена агресивност би можела да дојде до израз што оваа недела го потврдуваат и напнатите аспекти на ретроградниот Марс со Уран во Овен и со ослабнатиот Меркур во Бик.

Иако аспектите на планетата на сексуалноста носат возбудувања на љубовен план, тие исто така ја поттикнуваат посесивноста, поради што се можни чести љубовморни сцени и расправии со партнерот.

Што му носи ретроградниот Марс на вашиот знак дознајте на следните страници…