Во Струга убиен функционер на ДУИ

Попладнево во Струга е убиен Артан Муслуи, функционер на ДУИ, пишува порталот „Курир“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски во изјава за Курир вели дека е пукано кон 42-годишен жител на Струга.

-Кон лицето е пукано на улицата „Марк и Енгелс“ во Струга од автомобил „Голф“ кој бил во движење. Се превземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите, а повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек, вели Димоски кој во интерес на истрагата не открива повеќе детали.

Артан Муслуи кој е висок функционер на ДУИ и заменик директор во УЈП во Струга, а на повредите им подлегнал во болница.

Пред два дена убиен Џемаил Реџепи

Инаку ова е второ убиство на функционер на ДУИ во два дена. Убиството на Муслуи се случува два дена по убиството на четириесет и петгодишниот Џемаил Реџепи, попознат како командант Шќипоња. Реџепи беше член на ДУИ и кандидат за претседател на локалниот огранок на партијата од Липково и противник на Бајрам Лимани кој беше именуван за претседател директно од Мала Речица, односно од лидерот Али Ахмети.

Фатени убијците на Реџепи

Убиството на Муслуи се случува два дена по убиството на четириесет и петгодишниот Џемаил Реџепи, попознат како командант Шќипоња.
Убиството на Муслуи се случува два дена по убиството на четириесет и петгодишниот Џемаил Реџепи, попознат како командант Шќипоња.

Обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото каде вчера во престрелка беше убиен Реџепи, а две лица се уапсени под сомнение дека го сториле убиството.  Кај нив било пронајдено и огненото оружје со кое било сторено убиството.

Од Јавното обвинителство информираат дека надлежниот обвинител издал наредби  за вршење обдукција, за вештачење на оружјето, на видео записи и траги од местото на настанот.

И кон Реџепи беше пукано од автомобил во движење

Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, беше убиен во четвртокот околу 16 часот во кумановската населба Бедиње каде што седел со неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири.

Според првичните информации напаѓачите во „мерцедес“ со зелена боја се доближиле до кафулето. Од прозорец додека автомобилот бил во движење почнале рафалите кон масата на кој седел Реџепи.

Како што пишува весникот „Вечер“, Реџепи бил погоден со неколку куршуми и починал на самото место додека неговиот братучед Шефки и Демири биле ранети. Тие се пренесени во скопскиот Клинички центар и засега нема информации околу нивната состојба.

Најверојатно, истрагата ќе треба да утврди дали има некаква поврзаност помеѓу овие две убиства на функционери на ДУИ кои се случија во два дена.