Субвенции за работодавачите за вработување на лицата кои примаат на социјална помош

Владата на Република Македонија на својата денешна седница усвои предлози за измена и дополнување на законите за вработување и социјална подршка во случај на невработеност.

Со цел да се поттикнат компаниите и работодавачите за вработување на приматели на социјална помош, владата на Република Македонија на својата денешна седница усвои предлози за измена и дополнување на законот за вработување и законот за социјална подршка во случај на невработеност.

Имено, секој работодавач доколку се одлучи да вработи примател на социјална помош, во следните 24 месеци ќе биде субвенциониран со дел од средствата кои ги добивало лицето како социјална помош.

На пример, доколку примателот на социјална помош добивал по 3.000 денари месечно, кога ќе се вработи неговиот работодавач во следните 24 месеци ќе добива по 2.400 денари субвенција.