Починато лице е пронајдено во Турскиот театар

Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објектот на Турски театар било пронајдено починато лице.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.