Шумски пожари ја пустошат Корзика, евакуиран манастир

Шумските пожари уништија повеќе од два квадратни километра во текот на ноќта на францускиот медитерански остров Корзика, соопштија властите во средата.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на социјалните мрежи објави дека манастирот Корбара од XV век на северот на островот е евакуиран поради пожар. Ангажирани се околу 200 пожарникари.

Пожарникарите пријавија пожар во градот Пиња на северот на Корзика доцна во вторникот. Силниот ветер го разгоре огнот. Според пишувањата на француските медиуми, првично имало два пожара недалеку еден од друг, кои подоцна се споиле во еден.

Шефот на извршниот совет на Корзика, Жил Симеони, на Twitter напиша дека двата пожара биле намерно предизвикани.