Тијана меѓу последните според евровизиските обложувалници

Како што одминуваат неделите,  Тијана Дапчевиќ, нашата претставничка на „Евровизија“, се полошо котира на европските обложувачници, кои на своите обложувачки листи ги ставиле и земјите кои годинава учествуваат на овој музички настан што ќе се одржи  во Копенхаген.

Според листата, од Македонија послабо котираат само Летонија и Португалија кои се на самото дно, а Тијана во моментот е на 35. место, што е голем пад, бидејќи пред три недели беше на 28. место.

И понатаму, најголеми шанси за победа гласачите и’ даваат на Ерменија.

 

53739_lista_af

Тијана на „Евровизија“ ќе ја претстави Македонија со песната „To the sky“.