Тим билдинг на фитнес со стил: Нова димензија на забава во Синерџи!

Уште еден успешен тим билдинг во Синерџи
Уште еден успешен тим билдинг во Синерџи

Деновиве се случи уште еден успешен тим билдинг во срцето на спортскиот и здрав начин на живот во Скопје.  Уште едно дружење и заедничко вежбање на една од македонските најуспешни компании, Мајкрософт Македонија, кои одлучија своето попладне да го искористат во прилог на своето здравје, убавина и нега на телото се случи онаму каде што се среќаваат фитнесот и стилот во Синерџи.

Уште еден успешен тим  билдинг во Синерџи со вработените во Мајкрософт
Уште еден успешен тим билдинг во Синерџи

Во множество од позитивна енергија, вежбање, забава и интеракција се даде една нова димензија на слободното време со колегите од работа. Наместо пиење кафе и секојдневна рутина, во Синерџи беше и повеќе од несекојдневно и интересно. Многуте справи за вежбање, големиот простор, понудата на разновидните активности и услуги беа причина плус зошто ваков тим билдинг ќе се памети и применува почесто.

Иднината на тим билдинг е во здравиот начин на живот

Како што соопштуваат од Синерџи Фитнес и Спа, времето на дружење со колегите на кафе или пијачка полека станува историја. Иднината на тим билдинг е во здравиот начин на живот, вложување во себе и сопствениот изглед, смеење со пријателите од работно место, како и дожувување на нови искуства кои се необични и пред сè, повеќе од забавни.

Уште еден успешен тим  билдинг во Синерџи
Уште еден успешен тим билдинг во Синерџи

Од Синерџи велат дека освен Мајкрософт, многу наши компании го следат трендот на ваков начин на дружење со своите вработени, давајќи една различна слика за тоа што навистина значи градење на тим и соработка со своите колеги.

Уште еден успешен тим  билдинг во Синерџи
Уште еден успешен тим билдинг во Синерџи

Кога работата претставува задоволство, а слободно време е привилегија, тогаш идеалното место за таа синергија е токму Синерџи Фитнес и Спа, каде што здравјето е стил на живеење.