Дваесетина повредени додека на тим-билдинг оделе по жар

Дваесет и пет лица се повредени во северна Швајцарија откако во рамките на корпоративниот тим-билдинг оделе по жар, пренесуваат тамошните медиуми.

Тринаесет од нив со тешки изгореници биле однесени во болница во вторникот вечерта. На приватниот настан во 18 часот по локално време стасале повеќе од десет возила на итната медицинска помош, пренесува BBC.

Групата одела преку неколку метри зажарен јаглен, и наскоро почувствувале болки. Сѐ уште не е познато дека проблемот бил во самиот јаглен или во начинот на кој групата одела преку него.

Полицијата покрена истрага и земала докази од местото на настанот, на полуостровот Ау во близина Цирих.