ТМРО: Време е и Македонската десница да биде застапена во законодавниот дом

Партијата ТМРО која е дел од владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на претстојните парламентарни избори ќе инсистира на добитно пратеничко место на заедничките листи.

ТМРО како единствена десна Македонска национална партија, смета дека е нереално некои помали коалициони партии кои постојано се застапени во законодавниот дом, преку добитни места на заедничките листи, повторно да претендираат на пратенички мандати, а реално ниту имале, ниту имаат реална политичка тежина.