среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Трајановски го посети Пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Од денеска, 30 декември, до завршување на ладниот бран, пунктот ќе биде отворен 24 часа, за да излезе во пресрет на лицата во ладните денови кога температурите паѓаат под нулата и во него има тимови коишто со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани.

paketi2-640x425

Последни вести

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска традиционално во пресрет на новогодишните празници го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток и подели пакети со топла облека.

– Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар со по 500.000 денари годишно, а оваа наша поддршка ќе продолжи и во иднина. Бездомниците во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк. Сакам да се заблагодаран на Црвениот крст на Град Скопје за нивната посветоност во помагањето на бездомните лица за да им се подобрат условите на живот.  До сега, со поддршка на Град Скопје, 8 лица се работно ангажирани во јавните претпријатија и планираме и во иднина да им помагаме на оваа категорија граѓани – рече денеска градоначалникот Трајановски.

Сите бездомни лица што ги користат услугите на овој Пункт, вкупно 50 лица, денеска добија пакети од Град Скопје кои што содржат џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење.

paketi3

Пукнтот за бездомници функционира веќе 8 години, во рамките на програмата отворен е преку целата година, а два пати неделно може да ги користат  следниве услуги: одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот.

Бездомниците кои поради здравствената состојба имаат потреба од привремено сместување се згрижуваат во прифатилиштето и таму можат да останат додека не закрепнат.

Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги.

paketi

На располагање за бездомниците е и стационар со капацитет од 16 кревети, отворен во текот на целата година за специфични категории и во ситуации на нарушено физичко и ментално здравје до момент на опоравување.

Исто така, стационарот е 24 часа отворен за време на студен и топол бран.

Од денеска, 30 декември, до завршување на ладниот бран, пунктот ќе биде отворен 24 часа, за да излезе во пресрет на лицата во ладните денови кога температурите паѓаат под нулата и во него има  тимови коишто со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани. Бездомниците може да го повикаат тимот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.

paketi1

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска се заблагодари за поддршката на Градот Скопје, како и на компаниите кои во се поголем број ја поддржуваат работата на Центарот и им го олеснуваат животот на бездомните лица. Сузана Тунева-Пауновска најави дека идната година на оваа категорија граѓани ќе им нудат и правна помош за да можат да дојдат до документи и полесно да можат да влезат во системот.

Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1. 700. 000 денари, од кои 500.000 ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од Алкалоид и од буџетот на Црвениот крст на град Скопје, како  и од други донатори.

Најчитани вести