Третиот напаѓач од Батаклан бил на „црната листа“ на француската полиција

Агад е еден од четирите деца во семејството. Тој е роден во Висембург, мал град на француско – германската граница, а пораснал во Стразбург. Тој и неговите пријатели биле постојано во кафулето Кел, во близина на границата со Германија. Полицијата верува дека токму овде тој и неговите пријатели го испланирале патувањето во Сирија. Пријателите заминале во помали групи со цел да не бидат забележани од пријателите и семесјтвата и се сретнале во хотел во близина на аеродоромот Хатај во Турција, кој е познато сопиралиште на рутата на џихадистите што се упатуваат кон Сирија.

fued-muhamed-2

Двајца од групата што заедно заминале во Сирија биле убиени. Сите други, освен Агад се вратиле во Франција во февруари 2014-тата по неколку недели поминати во Сирија. Тие биле уапсени три месеци подоцна.

Постариот брат на Агад, Карим (25) кој исто така бил во Сирија, во моментов е во затвор во Франција, заедно со тројца други членови на групата кои се под истрага за поврзаност со терористичката организација.

Мајката на Агад го потврди неговиот идентитет

Идентитетот на Агад беше откриен пред 10 дена кога неговата сопруга во Сирија испратила смс порака до неговата мајка на англиски јазик во која соопштила:

Твојот син почина како маченик заедно со неговите браќа на 13-ти ноември, што како што наведува Гардијан е вообичаен начин на кој ИД ги известува семејствата на починатите.

Мајката и дала на француската полиција ДНК примерок со што било докажано дека еден од нејзините синови починал во Батаклан.

fued-muhamed-3

 

Мајката на Агад за весникот „Ле Паризиен“ изјавила дека таа не живеела заедно со децата од 2007-мата година и дека неодамна му испратила пари на нејзиниот најмлад син кој живеел заедно со неговата жена Французинка и нивното новороденче.

Тој неможеше да ја напушти земјата. Не прашував повеќе. Парите беа за да плати некому да го извлече од земјата, изјавила таа.

Според последните информации сите напаѓачи што досега се идентификувани биле француски или белгиски државјани на кои францускиот јазик им бил мајчин.