Ванковска: Побогати членови на влада, бивши опозиционери под режим, тешко да најдете!

Побогати членови на влада, бивши опозиционери под режим, тешко да најдете! Башка што половина сокриле… Ги гледав вчера и срам ме фати каков лузер сум јас, а цел живот професор! (Ова за лузер, само метафорички – се сметам за побогата од секој од нив.), напиша универзитетскиот професор Билјана Ванковска, споделувајќи ја веста дека Антикорупциската комисија го обелодени имотот на министрите од новата Влада.