Вечерва загаденоста во Куманово е дури 10 пати поголема од максимално дозволената

Овие цифри покажуваат дека нема ништо од гасификацијата за која се фалат градоначалникот Зоран Дамјановски и неговиот партиски шеф Зоран Заев. Гасификацијата на Струмица е само параван за богатењето на кланот Заеви, а струмичани и понатаму плаќаат најскап гас на Балканот.

Нема ништо и од гасификацијата на Куманово затоа што Кумановци со денови се гушат со најзагадениот воздух во Европа. Веќе цела недела ги нема НВО милионерите на Сорос и СДСМ, кои добиваат милиони затоа што „наводно“ се борат за екологијата.

НВО ги добиваат милионите од Сорос, Заев ги добива милионите од гасот, Дамјановски ја доби власта, а граѓаните на Куманово го добија најзагадениот воздух во Европа.